Оштетените штедачи утре на протест пред Суд, oбвинуваат за опструкции

Здружението “Правда на штедачи” утре 05.05.2021 со почеток во 08 часот повторно ќе  одржи собир/протест пред Уставниот Суд.

-Протестот е мотивиран од сериозните опструкции што претседателот на Уставниот суд ги прави во врска со иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, информираат штедачите.