До крајот на март невработените лица носители на здравствено осигурување потребно е да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
„Осигурениците кои треба да се регистрираат,пререгистрираат во подрачната служба на Фондот во Скопје, заради заштеда во време и пари кои ги губат патувајќи до центарот на градот каде е сместена Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, можат да се регистрираат/пререгистрират во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Скопје сместени во Поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари како и во зградата на општина Илинден и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Тетово во поранешната зграда на општина Камењане во општина Боговиње и во Здравствен дом во општина Желино,“ информираат од ФЗО.
Одзивот на невработените лице се уште е незадоволителен, само 46.51 отсто извршиле пререгистрација односно 113.067 лица, од вкупно 243.085 лица.
Фондозт апелира осигурениците да си ја иззвршат обврската, а сите потребни документи за пререгистрација се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на фондот www.fzo.org.mk, Фондот преку својата инфо линија 080033222 и инфо мејлот [email protected] стои на располагање за било какви прашања.