Бразилскиот интернационалец од редовите на лондоснкиот премиерлигаш Челзи, Оскар, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека во новата клупска сезона ќе го носи дресот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.
„Мурињо ми покажа како да бидам еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Под негово водство јас играм се подобро и подобро, самодовербата ми е на највисоко можно ниво. Сега само се надевам дека ќе играм уште подобро и дека ќе освојам некоја титула до крајот на актуелната сезона. Играм одлично во дресот на Челзи и не сум заинтересиран за никаква промена на клупската средина. Точно дека Дрогба ми е омилен фудбалер, дека ми е идол, но јас ја пишувам мојата историја на ’Стемфорд Бриџ’. Јас имам сопствен стил на игра и се надевам дека и за мене ќе има место во историјата на овој клуб”, изјави младиот играч за врска.