Ослабената Данска ја декласираше Хрватска на мундијалот во Египет

Ракометната селекција на Данска ја декласираше Хрватска со резултат 38:26, во последното коло од Групата 2 на Светското ракометно првенство во Египет, со што еден од фаворитите на мундијалот остана без пласман во четвртфиналето.

По дебаклот против Аргентина, избраниците на Лини Червар самите решаваа за својата судбина по победата на Катар над Аргентина, но на крајот доживеаја тежок пораз.

На Хрватите во пригол им одеше и тоа што Данците настапија и без неколку клучни играчи поради стомачна вироза и што веќе го обезбедија пласманот натаму.

Првото полувреме светските прваци го решија во своја полза со 17:15, а во второто полувреме целосно го надиграа разбиениот противнил со 38:26. Така, меѓу осумте најдобри селекции на светот оди Катар кој од втор план ги поремети плановите на Хрватска и Аргентина.

Најефикасен кај Данците беше Емил Јакобсен со осум голови, а расположен беше и Јакоб Холм со шест. Кај индиспонираните Хрвати подобри од другите беа Марино Мариќ со шест и Иван Карачиќ со пет погодоци.

Во Групата 1, во јужноамериканската пресметка Бразил беше супериорен против Уригвај 37:17 (18:7), а Полска не успеа и покрај водството на крајот да ја совлада Германија па мечот заврши без победник 23:23.