Ослободен екипажот на рускиот танкер

Откако Украинските власти ги испрашалеги ослободиле членовите на екипажот на рускиот танкер, што претходно беше задржан во пристаништето Измаил. Сепак, бродот останува закотвен во пристаништето.

Претходно, Украинскaтa безбедносна служба соопшти дека го запленила рускиот танкер кој бил вмешан во минатогодишниот инцидент во Керченскиот теснец.

По добивањето на информацијата, официјална Москва соопшти дека ги испитува околностите под кои е задржан танкерот,  предупреди дека ќе има последици ако некој од екипажот е земен за заложник.