Ослободен од заробеништво маринец по 1.5 години

маринец

„Од самиот почеток мојата екипа и лично јас работевме на ослободувањето на Валид, и тоа во тесна соработка со нашите партнери од регионот“, посочи Кери во соопштение, цитирано од  ДПА.

Тој изрази „најдлабока благодарност“ кон султанот на Оман, Кабус бин Саид ал Саид и Владата на Оман за нивната помош во ослободувањето на американскиот државјанин.

„Ние го поздравуваме, исто така, и позитивниот гест од страна на Хусите“, додаде Кери.

Поранешниот маринец, Локман (37), беше грабнат во април 2015 година, кога се обидувал да го напушти Јемен, каде две години предавал англиски јазик, наведува весникот „Њујорк тајмс“.