Истанбулскиот суд денеска го ослободи бизнисменот Реза Зара и двајца синови на поранешни турски министри, кои беа притворени во рамките на корупцискиот скандал во турската влада во декември лани, јавува АФП.
Судот ги ословоди тројцата бидејќи смета дека нема опасност некој од нив да побегне.
Ова се случува по објавување на снимениот телефонски разговор на премиерот Реџеп Таип Ердоган со неговиот син.
Јавниот обвинител дал указ на Генералната дирекција за безбедност да го прекине прислушувањето на телефони и физичко следење на лица, како и уништување на сите собрани докази за корупција и поткуп, објави електронското издание на весникот „Заман“.
Писмото со указот е испратено на осми јануари и со него се бара сите докази собрани по 15 декември да бидат испратени до Главнот обвинителство за да бидат на безбедно и токму таму да бидат уништени. Тоа значи, дека со исполнување на овие укази снимените телефонски разговори меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговиот син Биљал Ердоган веќе не се погодни како докази, посочува весникот кој што го објави писмото на Главното обвинителство.