Никој нема да одговара за демолирањето на кабинетот на претседателот Иванов

Основниот суд Скопје 1 Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог за определување мерка притвор на ОЈО Скопје, ги ослободи од вина обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, двајцата членови на политичката партија Левица.

Двајцата се товарена за кривично дело Учество во топла од чл. 385 ст.1 од кривичниот законик.

Од изведените докази во текот на постапката судот неспорно утврди дека обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски на ден 13.04.2016 година учествувале во толпа од поголема група на граѓани која што толпа со заедничко дејствување оштетила имот.

Jавното обвинителство во конкретниот случај не успеа да докаже надвор од разумно сомневање дека на ден 13.04.2016 година обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски со учество во толпа оштетиле или ќе уништеле имот од поголема вредност во смисла на членот 122 став 35 од Кривичниот законик, поради што согласно чл.403 ст.1 т.3 ги  ослободи од обвинението дека истите сториле кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.1 од Кривичниот законик.
Согласно чл.106 од ЗКП, трошоците на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на РМ.
СЕ УПАТУВА оштетеното Државно правобранителство на Република Македонија, согласно чл.114 од ЗКП, предјавеното имотно-правно побарување да го остварува во спор.

Настаните за кои тие се товарат се поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и така наречената „Шарена револуција“, кои почнаа по аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.