Македонскиот филм „Ослободување на Скопје“ е продаден во Кина каде ќе биде дистрибуиран од компанијата First Brave, пишува порталот filmneweurope.com, а пренесува Хрватски аудиовизуелни центар.
Според порталот, освен Кина, за филмот се заинтересирани Тајван, Сингапур и Малезија.
Сценариото според истоимениот драмски текст го пишуваа авторот на текстот Душан Јовановиќ и режисерите Раде и Данило Шербеџија. Филмот е добитник на повеќе меѓунардони награди.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Финскиот филмски фонд и Еуримаж.