Османи: Бараме подршка од Aлбанците за добивање на 25 пратеници на ДУИ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека на овие не се избори каде што ќе се одреди дали ќе победи позицијата или опозицијата затоа што јасно се гледа расположението на граѓаните.

Меѓу тоа, Османи побара  поддршка од Албанците за добивање на 25 пратеници и додава дека овие избори ќе одредат кој ќе се факторизира повеќе во следната влада, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ.

„Овие не се избори каде што ќе се одреди дали ќе победи позицијата или опозицијата затоа што јасно се гледа расположението на граѓаните но ќе бидат избори кои што ќе одредат кои ќе се факторизира повеќе во следната влада ДУИ или ВМРО. Затоа бараме подршка од Aлбанците за добивање на 25 пратеници на ДУИ“, напиша  Османи.

159022

Собранието ќе биде распуштено во среда по иницијативата на ДУИ и прифаќањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори.