Oсмани ги повика албанските партии постизборно да се обединат

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прес-конфернцијата рече дека ДУИ е задоволна од тоа тоа како се одвивал денешниот изборен процес.

Османи ги повика сите албански партии постизборно да се обединат за да добијат прв премиер Албанец. Тој вели дека Албанците се клучен фактор на овие избори и да се обединат околу концептот за прв премеир Албанец.

-Ние сме задоволни и чекаме победа на овие избори. Од утре чекаме да почнеме преговори за формирање на нова влада, а на другите партии им порачуваме да се обединат, рече Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.