Османи и Димитров наместо оставка ќе понудат манипулативни изјави

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на Комисијата за европски прашања на која се дискутира за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ по блокадата на Франција, пренесува „СДК.мк“.

Пратеникот Антонијо Милошоски на говорницата излезе со фотографија од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, велејќи тоа е сликата кога лани двајцата го излажале народот дека земјава добила датум за почеток на преговори. Милошoски кажа дека досега барале за неуспехот да се разговара на Комисијата за надворешни работи, а не на ваква, како што кажа, владина забава.

– Османи и Димитров лани по пат го загубија датумот. Денеска наместо оставка ќе ви понудат манипулативни изјави. Ние нема да учествуваме во оваа пародија. Утре имаме Комисија за надворешна политика и таму е местото за дискусија за овој неуспех на Владата. Ви посакувам пријатна забава денеска – рече Милошоски.