Османи: Македонија не може да застане зад самоопределните Македонци во Бугарија

Клучно за бугарите во преговорите е да се впише бугарското малцинство во македонскиот устав, за македонците пак идентитетските прашања. Признавањето на бугарското малцинство, различно од македонското мнозинство е правиот пат за преговорите, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Додека премиерот Петков во интервју за ББС се пожали дека бугарската заедница во Македонија немала никакви права, Османи за самоопределените  македонци во Бугарија истакна дека Македонија не може да застане зад нив и не можат да се мешаат во бугарскиот Устав, поради договорот во 1999 година на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

„Тие се бугарски државјани и бугарската држава треба да застане зад нив, како што само оваа држава може да застане зад мене. Ние немаме право да застанеме зад граѓани кои не се наши државјани, тоа значи Албанија да застане зад албанците тука или Турција зад турците овде.“ – изјави Бујар Османи.

Отворањето на Уставот за етнички заедници е во склоп на Рамковниот договор. Османи претходнава недела имал средба со претседателот на Бугарската партија во земјава, а тој се изјаснил дека бугарската заедница треба да биде вметната во Уставот, што е и едно од клучните прашања во преговорите со Бугарија.

За тоа дали МНР ке реагира за историските филмови пак, кои ги емитува БНТ каде Гоце Делчев е претставен како бугарин, Османи посочи дека не може да се мешаат во програмската определба на самата телевизизија, за тоа треба да види регулаторот.

На 11 февруари во Софија беше првиот состанок на двете министерства по формирањето на двете Влади. Без конкретни резултати, само конструктивен состанок бидејќи била прва средба. Следната рунда ќе биде во Скопје веќе наредната недела, а тогаш двете делегации доаѓаат со нови политички инструкции, истакна Османи. Засега позициите се сеуште различни, а во македонските позиции пак нема никакви измени.