Османи: Македонските државјани да ја искористат можноста на комерцијални летови и да се вратат од Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на брифинг со новинарите повторно упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина.

„Во однос на државјаните, треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат во Македонија“, порача Османи.

Османи посочи и дека на територија на Украина има околу 100 македонски државјани.

„Не сакаме воопшто да внесеме неизвесност и страв во Украина, во целосна координација сме со нашите сојузници НАТО и ЕУ“, додаде Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.