Османи може да менува само статут на ДУИ, Устав никако, рече Милошоски

Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по средбата со туристички и здравствени работници во Охрид.

– Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси – истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека  македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.