Османи му рекол на Рикер дека продлабочување на партнерството со САД е еден од клучните приоритети

По синоќешниот избор за министер за надворешни работи во новата влада, Бујар Османи на првиот работен ден имал официјален телефонски разговор со помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Османи порачал дека продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија ќе биде еден од клучните приоритети на надворешната политика.

„Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања“, рекол Османи.

Како што пренесе МНР, Рикер ја реафирмирал силната поддршка од САД за земјава, а ја прифатил и поканата од Османи наскоро да ја посети Северна Македонија.