Османи на министерски состанок против ДАЕШ/ ИСИС

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија.

Како што информира МНР, министерскиот состанок е во организација на државниот секретар на САД Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

– Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани, се вели во соопштението.

На годишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.