Османи негира дека е постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ

342

По информациите кои се појавија во одредени портали дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за формирање коалиција и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да има премиер Албанец, ТВ21 контактираше со Бујар Османи од ДУИ.

Тој вели дека ваквите информации не се точни и дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ.

Претходно во средата вечерта порталите на албански јазик Лајм и Тетова Сот, објавија дека наводно меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бил постигнат договор во насока кон формирање парламентарно мнозинство кој подразбирал коалициската влада да ја води Лазе Еленовски, како компромисен кандидат кој е од македонско-албаско потекло.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ниту ги потврдија ниту ги негираа информациите.

„ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информациите од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме“, одговорија од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.