Османи нервозен упати критика до ЕУ дека Македонија го смени името не се потребни ефикасни закони и нивна имплементација

Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ гостуваше Бујар Османи, вицепремиер задолжен за европски прашања кој при одговор на прашањата на водителот нервозно рече дека ЕУ не треба да бара ефикасни закони и нивна имплементација, треба да се сети што има направено државата и да и се даде датум за преговори во јуни.

Јас мислам дека прво потсвесно правиме една грешка, дека премногу се фокусираме на тоа што треба да се направи заборавајќи, што испорачавме во овој период. Дури и ние кога одиме во Брисел зборуваме затоа што ќе направиме, не набројувајќи баш до детали дека тоа што го направивме и не беше лесно. И во делот пак ќе кажам во политичките прашања и во делот на реформите, треба многу труд многу работа, многу разговори, многу компромиси, појасни Османи.

Француската министерка за европски прашања Натали Лоазо, неодамна изјави дека Преспанскиот договор не е доволен во процесот за европски интеграции. За да започне преговори со ЕУ, Северна Македонија ќе мора да ги исполни критериумите.