Османи: Партиите кои ќе го предложат претседателот на Собранието на првата седница практично ја правaт и Владата

Коалицијата која ќе го избере претседателот на Собранието на конститутивната седница, практично и ја прави Владата. А треба да се избере прв човек на Собранието на првата седница, не може да се свика втора седница на Собранието без претседател на Собранието, рече Бујар Османи портпарол на ДУИ и вицепремиер за европски прашања на заминување

На прашањето на водителот на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, дали е расчистено откако ќе се верификуваат мандатите на новите пратеници на конститутивната седница на Собранието дали Талат Џафери ќе се врати во Форино со приватен автомобил и никогаш повеќе нема да влезе во кабинетот како претседател на Собранието, Османи рече „не се сомневам дека Талат Џафери знае како треба да постапи, тој ги знае најдобро законите и правото“.