Османи по состанокот Ахмети – Заев: Официјално се разговара за заедничка коалиција

2794

Портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи во „10 Минути“ на ТВ21 информираше за средбата меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и лидерот на Социјалдемократската лига на Македонија, Зоран Заев.

Портпаролот на ДУИ истакна дека последниве денови имало вести кои тој ги нарекува шпекулации.

Тој додава дека официјалните преговори започнале денеска, на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Османи оваа средба ја нарече конструктивна и надежна за успешен епилог, но не и одлучувачка за таков епилог.

На прашањето од модераторот за тоа дали може да се подразбере дека шансите се големи за премиер Албанец, па макар и на една година, Османи посочи дека ќе треба да почекаат бидејќи не е коректно доколку сите позиции ги објават.

„Да, но ќе треба да почекаме бидејќи не е коректно доколку сите наши позиции ги објавиме на маса. Денеска најмногу е разговарано од аспект на враќање на изгубената доверба во текот на изборната кампања со цел да се создадат предуслови за поставување на маса на нашите позиции. Потребно е уште малку трпение при средбите следниве денови“, истакна Османи.

Османи тврди дека ДУИ не исклучува средби ниту со другите партии.

На прашањето за можна коалиција ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на Интегративците рече дека “нема да ја остават државата без влада”, но не сакаше да зборува за хипотетички ситуации“.

Целото интервју со Османи во 19:10 часот на ТВ21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.