Османи: Поддржуваме влез на Финска и Шведска во НАТО

Имаме теми од суштинско значење за дискусија и убеден сум дека сите сојузници ќе покажат единство за синте нив, бидејќи тоа е од клучно значење со оглед на менливата безбедносна состојба, изјави од Берлин МНР Бујар Османи, кој присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Северна Македонија како најнова членка на НАТО силно ја поддржува полтиката на отворени врати, а со тоа и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО, што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност, истакна Османи.

Исто така, продолжи министерот, Западен Балкан ќе биде неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура и на тој начин политиката за отоврени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како „два главни столба на кои се потпира“ ќе бидат дел од новиот Стратешки концепт.