Османи: Прашањето за Албанец премиер е за постигнување еднавост во државата

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 вели дека по 15-ти јули Македонија ќе има прв премиер Албанец.

Османи вели дека идејата за премиер Албанец не е нова, дека за неа ДУИ се подготвувала уште наредниот ден кога Талат Џафери стана претседател на Собранието, како нареден чекор за како што вели надминување на последното табу – дека премиер може да биде само Македонец.

Според него, извесно е дека големите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат најголем број пратенички места, но вели дека токму ДУИ ќе биде клучниот фактор и токму оваа партија во коалиција ќе го добие мандатот да формира влада.

-Прашањето за Албанец премиер не е етничко барање, туку за прашање за постигнување еднавост во државата. Тоа не е ад хок прашање, туку долгорочна цел, најавено уште во 2009 година. Премиер никогаш не бил Албанец, тоа значи се чува екслузивно за една етничка група и тоа значи подреденост на граѓаните од една и од друга етничка заедница. Затоа ние велиме после претседател на Собрание логичен след на чекори е претседател на Влада и со тоа се рушат сите точки на отпор кон еднаквоста. Натпартиско решение треба да биде премиер, а таков е господинот Насер Зибери. Отпорот за премиер Албанец е етнички, а тоа ќе се промени штом идејата ќе стане стварност, истакна Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.