Османи: Прославата на „Шверцери“ беше на несоодветно избрано место

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во однос на прославата на навивачката група Шверцери во Македонскиот народен театар изјави дека премногу се дигнало врева околу настанот. Како што вели Османи станува збор само за несоодветно избрано место за прослава на таков наслов.

Се дига премногу врева, тоа не е најсоодветно место за прославување таков настан. Од медиумите видовме дека нема толкав проблем за да се предизвика врева. Имаше повеќе гласно навивање во несоодветен простор и ништо повеќе од тоа. Не треба од секоја ситуација да создаваме предуслови за дебата која може да повлече меѓуетнички тензии, поготово ако немало демолирање како што можевме да видиме од извештаите. Треба да се научи лекцијата за нареден пат, вели Османи.

Додаде  дека доколку имало говор на омраза и демолирање треба да се види дали организаторот ги преземал сите превентивни мерки.