Османи: Разочарани сме од одлуката на Иванов да не го потпише указот за Законот за јазиците

османи

Непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не е изненадување за вицепремеирот за европски пршања Бујар Османи иако, како што вели, е разочаран од постапката.

Претседателот Ѓорге Иванов во средата попладнето соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Оцени, меѓу другото, дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и оти во услови на блокада постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и теротијралниот интегритет на РМ.

„Разочарани сме иако не дека не беше очекувано, но сепак мислевме дека ќе го искористи моментумот да прати порака“, рече Османи во одговор на новинарско прашање по средбата со косовската министерка за евроинтеграции Дурата Хоџа во просториите на СЕП.

Посочи дека претседателот треба да биде кохезивен центар на општеството кој треба да ги спои етничките заедници и различните општествени групи.

„ Таа улога не ја одигра во последните осум до девет години. Имаше можност овие денови во неговата последна година да испрати порака на кохезија и сплотување, како и за отворање на перспективата на државата, но очигледно е дека не може да излезе од неговата матрица на функционирање. Сепак, и покрај тоа што не разочара, не не загрижува, бидејќи повторно ќе го изгласаме законот во Собранието во наредните денови“, смета Османи.