Османи: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија не е пречка и не можеме да бараме реципроцитет

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија не е пречка, и не можеме да бараме реципроцитет. Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема проблем со новонаметнатиот услов од Бугарија, откако Радев вчера на списокот услови за да го крене ветото за Македонија, го додаде и пописот, алудирајќи на 120 илјади луѓе кои се со бугарски пасош да влезат во Уставот како Бугари.