Османи во Словенија и Хрватска ќе разговара за евроинтеграциите на Македонија

27

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска е во официјална посета на Словенија, каде што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар. Во рамките на посетата на Словенија предвидени се и средби со претседателот на државата Борут Пахор, како и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич.

По денешната посета на Словенија, Османи утре заминува во работна посета на Хрватска, каде што покрај средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи, Горан Грлиќ-Радман, ќе оствари средби и со премиерот, Андреј Пленковиќ, како и повеќе средби во рамките на хрватскиот Парламент.

-Посетата на шефот на дипломатијата на земјите од регионот се случува во пресрет на важните одлуки за европската перспектива на земјата, во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија информираат од Министерството за надворешни работи.

Од МНР додаваат дека фокус на средбите се очекува да биде европската интеграција на Република Македонија, постигнатиот реформски напредок и одржувањето на добрососедските односи, реафирмирајќи ги притоа очекувањата за поддршка од страна на нашите пријатели за почеток на преговорите во рамките на Германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината.

На разговорите се очекува да бидат отворени и темите од билатералната соработка, особено потенцијалите за унапредување на економска соработка, како и заедничкото, регионално справување со предизвиците од пандемијата Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.