Османи во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Заменик претседателот на македонската владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во вторникот патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите членки на Унијата, во пресрет на Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Македонија.

Во рамките на посетата, како што информираат од  Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис. Тоа ќе биде првата официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата влада на Мицотакис во Грција, и притоа се очекува да бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.