Османи за „Монструм“: Потребна е поголема транспарентност во судските процеси, за граѓаните да имаат поголема доверба

Прашан за случајот „Монструм“ поради кој деновиве имаше протести низ улиците во Скопје, министерот Османи посочи дека според него потребна е поголема транспарентност во судските процеси, за граѓаните да имаат поголема доверба.

-Најважен елемент во враќање на довербата е транспарентноста. И затоа уште од првиот момент кога се појави недоверба по однос на исходот на судскиот процес во првата фаза беше потребата за враќање на процесот со цел зголемување на транспарентноста. Мислам дека во овој втор процес имаше поголема транспарентност јас не сум тој кој што можам да ги коментирам судските одлуки, но тоа што како политичар можам да дадам совет е да бидат што потранспарентни, рече министерот.