Осмислил бот за да комуницира со девојката додека е на работа

Кинески компјутерски програмер осмислил бот кој комуницирал со неговата девојка додека тој е зафатен на работното место, пренесува сајтот Oddity Central.

Ли Каиксијанг, кој работи во кинескиот интернет гигант „JD.com“, рекол дека е премногу зафатен на работното место за да може да комуницира со својата партнерка толку често, колку што таа сакала. Вели дека честопати бил презафатен за да одговори на нејзините дневни преписки, но истовремено не сакал да ги повреди нејзините чувства.

Сепак, програмерот се досетил како да се справи со оваа ситуацијата и создал „чат-бот“, кој ќе комуницира со девојката наместо него. Тој објави и скринови од преписката со неговата девојка на ресурсот WeChat, а сајтот оценува дека софтверот функционира прилично добро.

Веќе првиот ден кога го ставил во функција, ботот разменил триста пораки со девојката. Што всушност и покажува зошто првенствено програмерот се решил на овој чекор.

Но, сепак, ботот не можел да се снајде со романтиката. „Бејби, денеска е 618-от ден откако сме заедно. Посакувам твоето расположение да биде посветло од Сонцето“, напишал ботот, но во продолжение испратил информации за временската прогоноза, кои најверојатно ги извлекол од некоја друга програма.

Но очигледно љубената на програмерот многу брзо сфатила дека нешто не е во ред, па ги поставила прашањата „Како го правиш тоа?“ и „Како успеваш толку брзо да одговориш?“, на што програмата одговорила „Како го правам што?“, „Како можам да го разберам тоа?“ „А како инаку можам да одговорам ако нема проблеми?“.

Како одговор, девојката испратила два емотикона, а ботот одговорил дека само се обидува да ја сокрие својата збунетост со помош на симболите за изразување на емоции.

Корисниците на социјалните мрежи се поделени во оцените на овој изум. Некои се одушевени, па дури и замолиле Ли да го сподели со нив кодот од програмата, а другите сметале дека момчето не покажало доволно внимание кој својата девојка. Го обвинуваат, исто така, дека лажел дека е премногу зафатен, а имал време да ја напише програмата. Еден корисник го предупредува и дека многу ризикувал, оти ботот може да му ја преземе девојката.

Веднаш по објaвувањето, постот на Ли станал вирален на кинеските социјални мрежи, но тој очигледно не уживал многу во популарноста, бидејќи веднаш по раширувањето го избришал својот акаунт од Weibo, кенеската верзија на Twitter.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.