Основец од Скопје вперил пластичен пиштол кон соученик, средношколки се заканувале преку социјална мрежа

Ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал, објави Курир.мк.

„На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници“, информирале од МВР за Курир.

Четири средношколки од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ вчера објавиле содржина со закана на социјална мрежа.

-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговориле од МВР.