Основец тешко повреден по напад во текот на наставата

55

Тринаесетгодишник од основно училиште во скопската општина Чаир е пренесен во Ургентниот центар, откако бил физички нападнат во текот на наставата.

Според извештајот на МВР, инцидентот бил пријавен по 15 часот кога во СВР Скопје од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 13-годишен ученик од основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Чаир.

По преземени мерки било утврдено дека во спортската сала во училиштето ученикот бил физички нападнат од повеќе ученици од истото училиште.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.