Основка доби диплома на Меѓународен ликовен натпревар

Во Националната галерија Чифте Амам, вчера, Јована Цветановска, ученичка од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби високо признание – диплома за своето дело на Меѓународниот детски ликовен натпревар „Лидице 2014“ во Чешка.

nag

Наградите беа доделени од амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш, по повод претстојните национални празници на Република Чешка.