Основни правила за секс во тројка

Голем број на мажи и жени не се осудуваат да го пробаат она што го замислуваат во својата глава, како на пример тројка. Но оваа фантазија сигурно им се врти на многумина, но само малку успеваат да ја претворат во реалноста.
Доколку сте меѓу нив еве што мора да знаете пред впуштање во таа авантура.

Како ќе влијае на вашата врска?
Тројката може да го зачини вашиот љубовен живот, но исто така може да ви предизвика непријатност и тензии.Затоа, важно е таквата одлука да не ја донесувате набрзина туку однапред да испланирате. Една од најголемите заблуди во сексот е дека тој спонтан секс е најдобар, како што тоа често го гледаме во филмовите, а тоа не е вистина. Посебно ако се работи за секс во тројка. Наместо тоа, темелно разговарајте со партнерот, што ќе ве направи љубоморни, дали сакате да се случи само еднаш и како ќе го решите проблемот ако работите тргнат на лошо.

Која ќе биде третата личност?
Ако сте одлучиле да имате секс во тројка, тоа автоматски доведува до тоа кого да го изберете за трето лице. Луѓето често грешат кога во тој микс ги доведуваат пријателите или добритe познаници. Но, ако работите станат комплицирани, тогаш бараат некој кој не го познаваат.

Кои се вашите очекувања?
Ако ви биде чудно и непријатно тоа и ќе се оствари. Сите кои се вклучени во тоа, мораат 100 отсто да бидат сигурни во својата одлука. За да му удоволите на својот партнер, морате 100 отсто да бидете сигурни во својата одлука. Согласувањето на такво нешто само за да му се задоволи на партнерот и негоавата фантазија треба да се избегнува, бидејќи лесно може да се сврти против нег.Најздравите очекувања подразбираат дека ќе го зачините својот сексуален живот, кој западнал во мала рутина, но се уште не постои проблем. Ако мислите дека на тој начин ќе ги решите сите проблеми во спалната соба, нема!

Кои се вашите правила?
Иако сте повикале друго лице да ви се придружи во кревет, тоа воопшто не значи се да помине. Пред да се впуштите во било што, правилата мора да бидат јасно дефинирани и прифатени. Што значи мора да знаете што е допуштено , а кои граници дефинитвно не смеат да се поминат. Најчесто правило за жените е да нема бакнување, бидејќи тоа е преинтимно. Уште едно правило вели, ако не уживате имате право се да прекинете во тој момент. Битно е да бидете љубезни, посебно спрема трето лице.