Основните прехранбени продукти од утре поскапуваат

Завршува владината мерка со која беа „замрзнати“ цените на основните прехрамбени продукти. Од утре, во маркетите по нова поскапа цена ќе се продава лебот, брашното тип-400, сончогледово малсо за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата.

Замрзнатите маржи и ослободувањето од ДДВ кај храната престануваат да важат по 31 мај.
Во моментов Владата анализира дали ќе има нов пакет или ќе се продолжи со некоја од постоечките мерки, но замрзнување на цените нема да има.

За да го заштити стандардот на граѓаните, Владата донесе сет мерки, при што дел од производите се продаваа по набавна цена, без ДДВ, а за дел се органичи маржата на 5, односно на 10%.

Во меѓувреме, Обединетите нации објавија дека војната во Украина може да предизвика глобална криза со храната, која може да трае со години. Цените на храната на светскиот пазар бележат пораст од 30% во споредба со истиот период лани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.