Мажот кој, според претпоставките на истрагата, би можел да биде личноста која го испратила писмото со отровната супстанција рицин адресирано до американскиот претседател Донадл Трамп, бил приведен при обид од територијата на Канада да влезе во САД, објави во неделата ноќта по средноевропско време телевизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на изводи во американските безбеднсни служби.
Според информацијата, приведувањето на осомничениот го извеле припадниците на Царинско-пограничната служба, која е во составот на американското министерство на внатрешна безбедност. Други поединости за случајот не се наведени.
Осомничениот, наводно, испратил и други писма до сојузните институции, откриени во различни установи, изјавил официјален претставник за NBC News во саботата.
Телевизијата CNN во саботата прва извести дека американските безбедносни агенции претходно изминатата седмица пресретнале писмо адресирано на претседателот Доналд Трамп кое содржело високо токсична супстанција рицин, која се добива од семето на рицинус. Рицинот бил потврден со теренси и лабораториски тестови, потврдиле изворите на телевизијата.
Весникот The New York Times, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека писмото адресирано на станарот на Белата куќа било испратено од Канада. Од Федералното биро за истраги (FBI) и Тајната служба, којашто непосредно се грижи за безбедноста на највисоките американски функционери, потврдиле дека ги испитуваа околностите за инцидентот.
„Бирото, заедно со своите партнери Тајната служба на САД и Поштенската служба за истраги го испитуиваат сомнителното писмо добиено во поштенски објект на американската влада. Во моментов нема индиции дека постои закана за јавната безбедност“, се наведува во кусото соопштение на FBI објавено во саботата.
Рицинот е протеински отров од растително потекло, односно соединение кои се добива од семето на рицинус. Доколку биде проголтан, може да предизвика гадење, повраќање, внатрешно крварење на желудникот и цревата проследено со откажувања на органите и смрт. За рицинот не постои противотров. Се користи во облик на прав, стапчиња, чад или киселиснки раствор.
Ветеран на американската воена морнарица беше уапсен во 2018 година и притоа призна дека испратил коверти на адреса на претседателот Доналд Трамп и на членови на неговата администрација кои содржеле сусптанца од којашто се добица рицин.
Властите тогаш соопштија дека уапсениот Вилјам Клајд Ален Трети, ги испратил ковертите со мелен рицинус до претседателот, тогашниот директор на FBI, Кристофер Ври, тогашниот министер за одбрана Џим Матис, тогашната директорка на Централната агенција за разузнавање (CIA), Џина Хаспел адмиралот Џон Рочадрсон кој во тоа време беше на командната позиција во морнарицата, како и на секретарот за военото воздухопловство Хедр Вилсон. Пратките тогаш биле пресретнати, и немаше настрадани.
Во 2014 година маж од сојузната држава Мисисипи беше осуден на 25 години затвор откако на адреса на тогашниот американски претседател Барка Обама и други фисоки функционери испратил писма испрскани со рицин.