Осомничениот за експлозијата во Нешвил не бил „на радарот“ на безбедносните служби

Ентони Квин Ворнер, 63-годишниот елетроничар осомничен за предизвикување на разорната експлозија во центарот на американскиот град Нешвил во петокот на божикното утро, „не бил на радарот“ на безбедносните служби, соопштија во понеделникот истражителите додавајќи дека неговите мотиви сѐ уште не се утврдени.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) во неделата го идентификуваше осомничениот Етнони Ворнер и објави дека тој загинал во експлозијата којашто оштетила повеќе од 40 деловни простории во центарот на Нешвил, најголемиот град на сојузната држава Тенеси и познат како престолнина на американската кантри музика.

Сојузните, државните и локалните службеници го истражувале во понеделникот мотивот за предизвикување на експолозијата изведена со камперско возило од кое се слушало и предупредување за детонација, но сѐ уште немаат конкретни траги зошто Ворнер ја извел оваа самоубиствена мисија.

Дејвид Рауш, директор на Бирото за истраги на Тенеси (TBI), изјави во понеделникот дека мајката на Ворнер соработува во истрагата, но дека мотивот засега е непознат. Бирото го објави досието на Ворнер и едно обвинение за поседување марихуана пред повеќе од четири децении.

„Не ни беше на радарот. Сите ги земаме деловите од сложувалката, работиме на тоа да одредиме кој бил мотивот на поединецот“, рече Рауш за новинарите и додаде дека TBI им помага FBI и на сојузната Агенција за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) во испитувањето на соседите и роднините.

Кампер возилот на Ворнер, паркирано во центарот на Нешвил експлодрало во петокот утрото околу 6,30 часот неколку моменти откако како сомнително го забележала полициска патрола повикана поради истрели. Од возилото се слушала музика и дигитално генериран женски глас со порака која предупредува на експлозија и одбројува до детонацијата. Од камперот пред експлозијата се слушал хитот „Downtown“ на Петрула Кларк од 1964 година.

Сите функционери се согласни дека целата среќа е што експлозијата се случила рано утрото и во празничен ден, кога квартот бил празен, а жителите сѐ уште не биле раздвижени.

Градоначалникот на Нешвил, Џон Купер, во неделата изјави дека се чини дека постои поврзаност меѓу подметнатата експлозија и зградата на телекомуникациската компанија „AT&T“. Рауш во понеделникот се надоврза дека таткото на Ворнер работел во компанијата, но и дека не е јасно дали тоа е на некој начин поврзано со неговиот чин.

„Досега се спроведени испитувања и собрани се докази коишто укажуваат дека тој е единствениот одговорен за овој чин“, изјави агентот на FBI, Џејсон Пек, и додде дека може да минат седмици пред да се откри мотивот на извршителот на нападот.

Според личност запознаена со истрагата, како што наведува агенцијата Reuters во понеделникот, иследниците го доведуваат во прашање менталното здравје на Ворнер.

Градскиот советник, Боб Мендес, изјавил дека иако се чини дека Ворнер упатил предупредување за да го ограничи бројот на жртвите, експлозијата сепак верпојатно ќе се смета за домашен теоризам кога ќе се расветли мотивот за злосторството.

„Мора бесчувствително да игнорирал дали ќе има губење на животи“, рекол Мендес.

Во експлозијата полесно беа повредени три лица, тешко се оштетени неколку деловни објекти, вклучително и центарот на „AT&T“, поради што имаше нарушување во давањето мобилни, телекомуниакциски, интернет и тв услуги во централно Тенеси и во поголеми делови од четирите соседни сојузни држави.

Гувернертот на Тенеси, Бил Ли, ја оцени штетата како „огромна“ и изјави дека очекува претседателот Доналд Трамп набрзо да го одобри нивното барање за проласување вонредна состојба, што ќе им овозможи пристап до сојузните средства за санирање на последиците.