Осомничениот за масакрот во Канада најден мртов, се трага по неговиот брат

Канадската полиција го пронашла во понеделникот мртов еден од осомничените за масовниот колеж со нож во кој во неделата се убиени десет лица, додека неговиот брат, кој е вториот осомничен, сѐ уште е на слобода.

Браќата се осомничени за убиството на десет луѓе и ранување на уште 18 други во напад со ноќ кој во неделата силно ја потресе домародната заедница во Саслкачеван. Овој напад е еден од најсмртоносниот во модерната историја на Канада. Според полицијата се чини дека некои од жртвите биле намерни цели, додека другите очигледно настрадале неселективно.

Демиен Сандерсон, 31-годишен, е пронајден мртов во Џејмс Смит Кри Нејпн, а неговиот 30-годишен брат Мајлс Сандерсон „можеби се здобил со повреди“ и можеби бара лекарска помош, соопшти Ронда Блекмор, командант на Кралската канадска коњичка полиција на Саскачеван.

Со смртта на едниот од браќата Сандерсон и ранувањето на другиот, бројот на жртвите сега изнесува 11 мртви и 19 ранети, додаде Блекмор. Според неа, телото на Демиен Сандерсон било пронајдено на отворен простор во областа со висока трева во близина на куќа која била пребарување.

„Можеме да потврдиме дека има видливи повреди. Во овој момент не се верува дека повредите самиот си ги задал… Тоа не го потврдивме. Не можеме да кажеме дека Мајлс бил вмешан во смртта на Демиен“, изјави Блекмор без да ја прецизира причината за повредата одговарајќи на прашањето дали Мајлс е осомничен дека го убил својот брат.

Предупреди, покрај тоа, дека полицијата сѐ уште смета дека Мајлс Сандерс сѐ уште е опасен за јавноста, дури и доколку е повреден.

„Мајлс има подолго криминално досие коешто вклучува кривични дела против лица и имоти… Сметаме дека е вооружен. Не му приоѓајте“, рече Блекмор.

Канадската телевизиска мрежа CBS News извести дека полицијата го барала Мајлс Сандерсон во Саскатон, во покраината Саскачеван, од мај годинава кога престанал да му се јавува на одредениот службеник за условно ослободување, откако отслужил казна за напад, грабеж и закани.