Остана само камен од плочата на Ахмети со УЧК, предизборниот национализам за два дена згасна

Плочата на која беше прикажана карта на „голема Албанија“ лоцирана пред меморијалниот центар во Сопот, е отстранета, објави Сител телевизија.

Вклучувајќи се во живо од Сопот, на телевизиската снимка се гледа дека пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.

Викендов во кумановското село Сопот беше отворен музеј во рамки на меморијалниот комплекс кој е посветен на жртвите од нападот во Сопот на 4 ноември 1944 година. На настанот присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потоа на Фејсбук објави фотографии од музејот, а под нив напиша:

„Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“

„Музејот на борците на ОВК, отворен во Сопот е на приватен имот, а картата на голема Албанија поставена внатре е задоцнета 145 години, рече денеска во одговор на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски.

„Ако добро пресметав, ставање на таква карта е задоцнето 145 години. Ако по нешто може да се препознае какви биле односите на Балканот пред 145 години, тоа се таквите карти коишто ги има секоја држава на Балканот. По 2001 и по влегувањето во НАТО, во нашата држава имаме други мапи. Тоа е мапата на државите членки на НАТО и мапата којашто се надевам ќе ја имаме сите од Западен Балкан, а таа е на обединета Европа“, рече Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.