Останал без мобилен па запукал врз публиката во театар

Маж отворил оган во преполн театар во Јоханесбург откако го загубил мобилниот телефон во публиката, при што едно лице загинало, а осум се ранети, објави во понеделникот јужноафриканската полиција.

Инцидентот се случил во неделата во театарот во Хилброу, кварт во центарот на градот познат по криминал, каде што маж пукал „на слепо“ во толпата барајќи си го својот мобилен телефон.

„Едно лице загина а осум се ранети“, изјавил портпаролот на полицијата Лингело Дламини.

„Сметаме дека телефонот на мажот е украден. Побегнал пешки по инцидентот“, додал портпаролот.

Управителот на театарот раскажал за дневниот весник The Citizen дека слушнал истрели и поитал внатре во салонот од каде што гледачите во паника се обидувале да побегнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.