Остапенко најмладата победничка на Ролан Гарос по Мајоли

Елена Остапенко © EPA/CAROLINE BLUMBERG

Елена Остапенко стана првата латвиска тенисерка во историјата со Гренд Слем титула, откако во саботата со пресврт дојде до победа од 2:1 (4-6, 6-4 и 6-3) над Романката Симона Халеп, со што оваа 20-годишна девојка стана најмладата победничка на Роланд Гарос по Хрватката Ива Мајоли, која имаше 19 години и 300 дена кога во 1997 година триумфираше на овој турнир во Париз.

Елена Остапенко, родена само ден по победата на Ива Мајоли над Мартина Хигинс, на истиот терен го дочека најголемиот момент во досегашната кариера и уште во осмиот обид го освои својот прв Грем Слем трофеј.

Остапенко за победата доби 2.000 бодови и 2,1 милиони евра, и во понеделникот ќе се искачи од 47-то на 12-то место на ВТА листата.

Симона Халеп освои 1.200 бодови и чек на 1,6 милиони евра . Романката е поразена во своето второ финале на Ролан Гарос, а ја пропушти можноста во понеделник да се искачи на првото место на ВТА листата.