Оставка на британски тв водител по критиките за принцот Хари и Меган Маркл

Британскиот медиумски регулатор Ofcom покрена истрага во однос на програмата „Good Morning Britain“ по негодувањата предизвикани од оцените на нејзиниот водител Пирс Морган по повод интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл за познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри кое предизвика бурни реакции и полемики.

Во емисијата којашто се емитува на британскиот телевизиски канал ITV кој ги имаше откупено правата за емитување на интервјуто, Морган ги обвини Хари и Меган за непочитување на монархијата, кои зборуваа за расизмот и притисокот од кралското семејство. Во колумната на Морган на оваа тема, која беше објавена во весникот The Mail Online, новинарот ги обвинува Хари и Меган за користење на расистичката пропаганда, неиздражни обвинување и непочитување на таткото и бабата на принцот Хари, односно принцот Чарлс и британската кралица Елизабета Втора.

„Започнавме истрага во врска со емитувањето на емисијата во понеделникот, според нашите прописи за нанесување навреди. Според податоците до 14 часот (по локални време) во вторникот 9-ти март добивме 41.015 поплаки во однос на емисијата“, објави Ofcom на својот официјален акаунт на Twitter.

Набрзо по оваа објава на британскиот медиумски регулатор, телевизискиот канал ITV, објави дека Морган ја напушта емисијата.

„По разговорите со ITV, Пирс Морган донесе одлука дека е време да ја напушти емисијата ‘Good Morning Britain’. ITV се согласи со неговата одлука“, се вели во соопштението на телевизијата.
Во интервјуто војводата и војвотката од Сасекс изнесоа неколку сензационални работи кои се протолкувани во медиумите како голем удар за кралското семејство и воопшто имиџот на британската монархија.

Особено интригантно беше тврдењето на поранешната американска актерка Меган Маркл, чија мајка е афроамериканка, дека некој од роднините на нејзиниот сопруг, потоа Опра Винфри појасни дека не станува збор за кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, изразил загриженост за бојата на кожата за нивното тогаш сѐ уште нероден дете. Маркл, исто така, рече дека имала суицидни мисли и дека била одбиена кога побарала помош. Рече и дека била навредувана од сопругата не постариот брат на нејзиниот сопруг, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Британското кралско семејство два дена по емитувањето на интервјуто во САД, соопшти дека сериозно и со тага ги примаат изјавита на Хари и Маркл за расизмот, истакнувајќи дека „некои сеќавања може да се разликуваат“. Бакингамскиот дворец вети дека ќе ги решава сите прашања отворени во интервјуто, а особено расното но на приватниот начин.