Оставка на директорот на цивилното воздухопловство на Малезија поради летот МН370

164

Генералниот директор на малезиското цивилно воздухопловство Азхарудин Абдул Рахман поднесе во вторникот оставка, ден по објавувањето на извештајот во истрагата којшто не содржи нов податок за необајснетото исчезнување 2014 година на авионот на компанијата „Malaysian Airlines“ на летот МН370 со 239 патници.

Во извештајот претставен во понеделникот на семејствата на исчезнатите во министерството за сообраќај се наведува дека „истрагата не можела да ја утврди точната причина за исчезнувањето на МН370“, што предизвика гнев кај луѓето коишто ги загубиле своите блиски.

Во документот од 400 страница се наведуваат бројни грешки на воздухопловната контрола во Малезија и Виетнам, особено во поглед на активирањето на „фазата на итност“ по што авинот од типот „Boeing 777“ исчезнал од радарските екрани.

Дека контролата на летањето не ја почитувала вообичаената процедура, потврдил и генералниот директор на малезиското цивилно воздухопловство. „Оттаму, со жалење и по многи размисливање одлучив да поднесам оставка“, рече Рахман.

Авионот на 8-ми март 2014 година полета од Куала Лумпур кон Пекинг. По исчезнувањето на авионот, Австралија, Малезија и Кина трагаа по исчезнатиот авион до јануари 2017 година. Никакви траги од авионот не се пронајдени во зоната на пребарување на 120.000 квадратни километри во јужен дел од Индиски Океан.

Околу дваесетина фрагменти пронјадени во крајбрежното подрачје на источна Африка, далеку од зоната на потрагата, и властите сметаат дека најверојатно припаѓаат на исчезнатиот авион, но случајот МН370 и натаму останува најголемата мистерија на современото цивилно воздухопловство.

Skin Delight