Оставка на директорот на разузнавањето на САД

Ден Коутс, директор на националната разузнавачка служба, следниот месец ќе ја напушти својата работа, објави претседателот на САД, Доналд Трамп во неделата, по турбулентните две години во кои Коутс и Трамп,  честопати се расправаа околу вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година.

Трамп го најави заминувањето на Коутс на 15 август во твит што му се заблагодари на Коутс за неговата служба. Тој рече дека ќе го номинира Рен Џон Ратклиф, на местото и дека во следните денови ќе именува функционер кој ќе дејствува.

Во писмото за оставка објавено во неделата вечер, Коутс навел дека  служењето како највисокиот разузнавачки функционер на нацијата е „посебна привилегија”, но дека е време тој да “се придвижи“ кон следното поглавје од неговиот живот. Тој ја цитирал неговата работа за зајакнување на напорите на разузнавачката заедница за да се спречи штетата на САД од непријателите и да се реформира безбедносниот процес.

Поранешниот републикански сенатор од Индијана, Коутс беше назначен за директор на националната разузнавачка служба во март 2017 година, станувајќи петто лице назначено на местото откако беше формирано по нападите на 11 септември 2001 година, и истото е одговорно за надгледување и координирање на 17-те разузнавачки агенции и организации во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.