Оставка на шефицата на норвешкиот парламент, без причина ѝ бил плаќан стан во Осло

Претседателската на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен поднесе во четвртокот остаква на должноста откако беше откриено дека парламентот ѝ го плаќа станот во Осло иако со години има куќа со сопругот во близина на главниот град.

Хансен за норвешкиот јавен телевизиски сервис NRK изјави дека смета дека е неодржливо парламентот да има претседателка која е под полициска истрага.

Оваа 48-годишна политичарка се најде под опсервација на јавноста откако беше откриено дека можеби користи парламентарен стан во главниот град, иако има куќа во близина на Осло. Меѓутоа, регистрирана е дека живее во Тромсе, поради што има право на располагање да ѝ биде ставен стан во главниот град.

Хансен вели дека погрешно ги толкувала правиолата, што веројатно им се случило на уште неколку норвешки политичари, пишуваат медиумите. Така, во септември министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад поднесе оставка откако се дозна дека е регистриран на адреса со родителиет, иако живее со своето семејство во Осло.

Во четвртокот канцеларијата на државниот обвинител објави дека уште шест пратеници се под истрага поради слични проблеми со адрестата на постојан престој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.