Оставка на специјалниот советник за коронавирусот на Трамп

Скот Атлас си поднесе оставка на местото специјален советник за коронавирусот на американскиот претседател Доналд Трамп по четирите контроверзни месеци во кои повеќепати вербално се конфронтираше со другите членово на роботната група за епидемијата на Белата куќа.

Според процените на американските аналитичари, токму слабиот одговор на Трамп на епидемијата на коронавирусот која САД ги направи водечката земја во светот според бројот на коронаинфекциите и смрните исходи како последица од нив, е клучниот момент кон му овозможи на демократскиот предизвикувач Џозеф Бајден да победи на претседателските избори на 3-ти ноември.

„Поднесувам оставка на местото специјален советник на претседателот на Соединетите држави“, наведе Атлас во писмото коешто претседателот Трамп го објави на Twitter.

Здравствените стручњаци, меѓу кои и водечкиот експерт за заразни болесто во САД, Ентони Фаучи, остро го критикуваа Скот Атлас, кој е специјалист за неврорадиологија, за давање на неточни и залажувачки инфорамции на Трамп за пандемијата на коронавирусот.

„Оставата на докторот Скот Атлас е задонета и го нагласува триумфот на науката и вистината над невистините и дезинформациите“, соопштија неговите колеги од Универзитетот Стенфорд.

Во своите јавни настапи Атлас повеќепати ја минизираше важноста од носењето заштитни маски, а пред еден месец рече дека затворањата биле „огромен неуспех“ во сузбивањето на ширењето на коронавирусот.

Селин Гроундер, од советодавниот тим на Бајден за коронакризаата, со олеснување ја поздрави оставката на Аталс.

„Чувствувам олеснување, бидејќи во иднина луѓето кои се квалификувани, стреучњаци за заразните болести и епидемиолози како мене ке ги предводат напорите во борбата против коронавирусот“, изјав Гроундер за телевизиската мрежа CNBC.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.