Оставка на вториот човек на француската Влада, обвинет за трошење јавни пари

31

Францускиот министер за екологија, Франсоа де Ружи, денес си поднесе оставка, затоа што јавноста регаираше за неговиот приватен живот на сметка на даночните обврзници на таа земја.

Според француските медиуми, Де Ружи денеска требаше да одговори на прашањата на владата по многуте критики предизвикани од пишувањето на независниот портал „Медијапар“ за неговиот приватен живот. За време на викендот Де Ружи ги отфрлаше обвинувањата на „Медијапар“ нарекувајќи ги гротескни.

На 10 јули порталот објави дека Де Ружи користи пари од даночните обврзници за раскошни вечери и реновирање на резиденцијата. Според порталот, тој и неговата сопруга ги канеле пријателите на раскошни вечери во хотелот, кој е официјална резиденција на Франција.

Порталот пишува и дека Де Ружи и неговата сопруга се преселиле во министерски стан за чие преуредување потрошиле 63.000 евра.

Сега веќе поранешниот министер за еколошка транзиција, се обрати до јавноста со долг пост Фејсбук профилот во кој ја осуди „желбата да му се наштети, да се извалка, урне…“ од страна наМедијапарт и објави дека утринава  веќе поднел „кривична пријава за клевета“.

„Нападите и медиумското линчување на моето семејство денес ме наведе да ја преземам потребната дистанца – што сите ќе ја разберат, објаснува тој. Неопходната  мобилизацијата за да се одбранам себе си е тоа што не можам да ја претпоставам мирно и ефикасно мисијата што ми ја доверија претседателот на Републиката и премиерот“, потсетува Франсоа де Ружи.

Емануел Макрон, кој е во посета на Белград „побара од премиерот да се расветлат пишувањата на Медиапарт. На крајот од истрагата, мора да се направат „фактички предлози“. Франсоа де Ружи конечно не ги чекаше резултатите од истрагата за да ја даде својата оставка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.