Оставка на Заев – слобода на народот

На протетсот пред Владата по повод изјавите на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС со кои повреди чувствата на македонскиот народ и сите во државава вечерва се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во обраќањето истакна дека нема човек што не почувствувал срам кога го гледал Заев Заев.

„Газеше по коските на партизаните и илинденците“, рече Мицскоски, додавајќи дека Заев со неговите ставови ја укинува македонската државност.

„Човек без кичма е отсуство на самодоверба и достоинство. Срамот на Заев не е наш срам“, констатира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се обединиме сега, за да не биде предоцна“, порача Мицкоски пред насобраниот народ, при што нагласи дека Заев под итно треба да се извини за своите изјави за бугарскиот медиум.

„Во народот е силата, продолжуваме да протестираме“, најави Мицкоски протести повеќе градови.