Оставка!

Единствена оставка која ја паметам во нашата политичка историја е оставката на Антонио Пешев, кој беше министер за транспорт и врски кога се урна авионот на „Пал Ер“.

Морал

Иако лично немаше никаква одговорност во таа несреќа, ниту он, ниту државата, министерството, едноставно трагедија, Пешев даде оставка. Високо морален чин, вистински потег и за пример… кој никогаш, никој, не го повтори кај нас. Дојдоа премиери курнази, со курнаски муабаети, мангупски жаргон, преку кој се перцепираше нивната остроумност, демек, и се наметна овердозирана количнина на неменливост на политичарите. Ма, ич мува не ги лази, атентати, потонати бродови, швалерации, курварења, шверцови, швалерки, закани преку фатени разговори, прислушкувани еднаш, прислушпкувани два пати, дрочење до бесвест, но ниту еден не го повтори овој чин.

Во меѓувреме Македонија стана партиска држава. Партиите станаа најголеми работодавци, а Македочнето, си се знаеме, нели, лебот кај го вадиш … јазикот поган не го ставај.

Што да се бунам?

Имам другарка, која не можев да ја смирам од ред солзи, ред мрсули кога војводата држеше говори на Мечкин Камен, потресена од патриотскиот вознес, денес постира фотографии со пофалби како оваа власт променила на подобро и ја улепшала интелектуалната нивелација на домовината. Тоа се вика механизам за прежиувување, бидејќи нормално, која будала сака да биде како мене, да не знае кога ќе земе плата, дали ќе има хонорар, или некоја ороспија маркетинг директор у некоја фармација на која не сум и дал кеш рекет ќе ти скине двегодишен буџет и ќе те остави да си го цицаш палецот ко Саша Греј на Мандинго.

Нејсе.

Ја ептен будал, ќе се борам со свои сили, со мојата способност, со мојата ултра-голема популарност да заработам. И ако заработам – ме пљука таа ситна партиска стока која е целата пожолтена у суратите од увлекување во широки кабинетски ануси. И не, не би се менувал за некоја добро ситуирана работа, со 12 дена боледувања во месецот, кредити, рати, К15 и сите привилегии да бидам паразит на оваа држава. Не од некои виши цели, не, само сакам повеќе, имам амбиција, сакам да сум поуспешен и да имам и за себе и за семејството, а така, убеден сум дека и ќе и’ помогнам на земјата. Ама јоктур, не, ние сакаме да цицаме од државата, као Лиза Ан сме кога е тоа во прашање, цицаме, голтаме и воздух не ни треба, ко вакум пумпа, ни букаке нема да бидне и капка да капнит. Гадно? Јас сум ви гаден? Супер, вие сте милина, си ја јадете иднината на вашите деца, ама баш ве заболе за децата и внуците, исто како вашите неспособни родители со 30 годишни кредити без камата цел живот плати од фирми кои никоја не знаеше дали уопште рентабилно работат … ВИКАЈ УРААА и лапај полутки и канти сирења од синдикатот.

Бат вај?

И така, зошто денес еден пратеник да даде оставка, дувал, шмркал или спасувал некого од тешка болест, што е тоа важно? Ништо не му можете!!! Ама дали ви е јасно? Затоа што пишуваат до вчера корумпирани новинари кои денес повтрно се рекативираат и глумат совест!?! Неморалните повторно стануваат морален компас!?! Врз основа на чив притисок да го направи тоа? Јавност? „Фејсбук“ и „Твитер“ се јавност? Хахахахаха… тоа се тродневни проливи кои потоа паѓат во длабока амнезика, како флешнати со стикот на „Мен ин Блек“.

Па нема други!

Нема ни да има… мој бивши уредник еднаш ми рече, НЕ СИ ГОЛЕМ ИГРАЧ ОТИ ЈАДЕШ ГОМНА (барам исплата на долг) и во право е, јас сум бил и останал ситна боранија. Народот сака искрени, ама жими стапов ако побараш помош од народот кога ќе ти затреба, поготово од дијаспора, ќе ти сврти грб, ко Мијалков у Мериот, или Ѕинго кога ќе го прашаш, а до кај сме со заостанатите 10 плати? Така што, се’ што читаме денес е само некој кој повторно се вратил на партиски список, или некој кој сака да се врати. Нема нови деца, ако нема смена на генерации, маратонците трчаат до изнемоштеност.

СДСМ ја царство у које царује другарство

Погледнете само како СДСМ се бранат еден со друг, новинар, пратеник, политичар, кој и да е, што е од нивна срана – сите урлаат и протестираат силно и жестоко! Шарените се тука, со или без поддршка ќе бидат заедно, и се заедно, се помагаат и си држат нивоата на врзани садови, од другава страна, тревење до тревење, инкрарнирање на довчерашни рекетари кои само кешарица ги заќутува. Не, неќе моќи, на кратки патеки има резултати, но на подолги … оф тоа е веќе позаебано.

Ура, напред браќо тиуфусари преко воде до слободе.

Дали сум разочаран? Ма не, најискрено, има една од еден мудар старец на кој кога му раскажале за гнасотиите на модерниот свет зачудено го гледале како останува смирен.. им рекол: „Ништо човечко не ме изненадува“. И тука е кажано се’. И јас ви се чудам кога ќе спискате „КАКО E МОЖНО?“, а што очекувавте? Сиризли?

Антонио Пешев, за мене, останува единствена јавна личност, со чист образ, морал и етика во јавниот живот. Денес успешен, сам се бори, со својата способност, чесност и професионалност се одржува, каков таков, подобар не знам во моментов, мое скромно мислење. Демантирајте ме со подобар пример. Едвај го чекам. Добро ќе биде за сите нас. Неговиот пример засега е еднствена светла точка.

А, народот не го ни памти, затоа и самиот не заслужува подобри политичари и подобро да биде третиран, народот памти курнази – толку.  Дечки, почнете да препознавате вредност, заради вас и иднината на вашите, ако воопшто ви е гајле.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес