Оставката на Заев е најавена за утре

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ утре ќе расправаат за оставката на лидерот Зоран Заев. Исто така, утре се очекува и Централното претседателство на Алтернатива да одлучи дали ќе да влезе во Владата.

Седниците за оставката на Заев беа одложени поради трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани.

Ако утре СДСМ ја прифати оставката на Заев, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави Заев, треба да биде мандатар на новата влада. Еден од кандидатите за нов лидер и мандатар е актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски, кој што го придружуваше Заев на лидерската средба со Африм Гаши од Алтернатива.